(ВИДЕО) Манчевски во Кичево: Уште едни криминални избори нема да има!

Од:

 
Граѓаните на Кичево, денеска, во голем број го пречекаа Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
 
Во обраќањето пред кичевчани Манчевски рече дека криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ доведоа до тоа граѓаните да немаат основни услови за живот, да живеат во сиромаштија, без работа, во услови кога се потрошија 630 милиони евра за споменици.

 
– Со 630 милиони евра ќе се отвореа 126 фабрики со над 100 илјади работни места. Така ќе ги задржевме младите во Македонија. Ама приоритет на Груевски овие 10 години беа криминалот и матните бизнис зделки на братучедот Мијалков и фамилијата. Но парите што ги однесоа во Белизе ќе ги вратат, до последен денар, рече Манчевски.
 
Жителите на Вранештица се пожалија на ниската социјална помош.
 
-Со 2.300 денари месечно не можеме сметките за струја и вода да ги платиме, а камоли за храна да имаме. СДСМ ни даваше  6.000 денари социјална помош, Груевски ја скрати  повеќе од половина, велат револтирано жителите.
 
Манчевски истакна дека целта на СДСМ е да им обезбеди на граѓаните достоиствени услови за живот.
 
На средбите со граѓаните Манчевски разговараше и за актуелната политичка ситуација. Тој рече дека СДСМ нема да учествува и нема да дозволи уште едни криминални избори.
 
-Уште едни криминални избори нема да има. Без прочистување на Избирачкиот список и регулација на медиумите нема фер и демократски избори. Груевски се плаши од слободни избори бидејќи знае дека на тие избори ќе изгуби, ама тој веќе изгуби. Доста беше. Заврши времето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа  време кога ќе одговараат за криминалот што го направија, потенцираше Манчевски.
 
Во Кичево и кичевско потпретседателот Манчевски беше придружуван од членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Сања Лукаревска и Виктор Петрушевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини