Нов штрајк на младите лекари во јавното здравство во Англија

Од:

Младите лекари од јавното здравство во Англија стапија денеска во 24-часовен штрајк, несогласувајќи се со понудените нови договори за висината на платите и за условите за работа.

Ова е втор ваков штрајк на младите лекари во Англија, по првиот што беше организиран минатиот месец.

Претставник на британското јавното здравство (НХЦ) соопшти дека поради штрајкот денеска се откажани повеќе од три илјади хирушки интервенции и веќе закажани специјалистички прегледи или терапии.

Повеќе пати досега се одржуваа преговори меѓу Владата и синдикатите, но решение не беше најдено.

Клучното прашање околу кое не може да се направи компромис е како да се плаќа работата на младите лекари во саботите.

Синдикатите инсистираат работењето во текот на целиот ден да биде опфатено со бонус-премија, додека Министерството за здравство инсистира на ваков начин да биде опфатена само работата од 7 до 17 часот, што лекарите не го прифаќаат.

Британската опозиција ја обвиннува Владата за „тренирање строгост„ врз грбот на пациентите и здравствените установи, обвинувајќи го министерот Џереми Хант дека тој е против компромис со синдикатите.

Владата тврди дека реформата, со која се опфатени и новите договори со младите лекари, мора да се спроведе со цел пациентите да имаат здравствена заштита во текот на сите 24 часа секој ден.

Во Англија има 50 илјади млади лекари и во оваа категорија не се наоѓаат само оние кои што туку завршиле факултет, туку и лекарите кои имаат по десет години стаж, но се уште се наоѓаат во оваа категорија лекарски персонал.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство