Николовски: АХВ должи 200 милиони денари на ветеринарните друштва, се заканува колапс во здравствената заштита на животните

Од:

Денеска откриваме нов скандал поврзан со Агенцијата за храна и ветеринарство со кој се доведува во прашање спроведувањето на Здравствена заштита на животните, вели дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски.

Агенцијата за храна и ветеринарство на ветеринарните друштва задолжени за спроведување на оваа наредба им должи околу 200 милиони денари, пари без кои тие не можат да функционираат.
Катастрофалната финансиска состојба на ветеринарните друштва, до која ги доведе власта се заканува да предизвика колапс во здравствената заштита на животните, а преку тоа и во сточарството.

Колку е ова сериозно доволно зборува улогата на ветеринарните друштва во вакцинација на добитокот од заразни болести како бруцелоза, шап и лигавка, беснило, антракс, туберкулоза…болести кои можат да го уништат стадото на сточарот но и да го загрозат здравјето на луѓето.

Ветеринарните друштва, кои имаат склучено договор со Агенцијата за храна и ветеринарство, преку обележувањето на добитокот се најдиректно вклучени и во субвенционирањето во сточарството.

За да може еден сточар да се пријави за субвенции мора претходно да има спроведено идентификација и регистрација на грлото со пасош, кој потоа ќе пријави бројна состојба на стадото.

Ова е барањето на 77 ветеринарни друштва кои преку Ветеринарната комора се обратиле до директорот на агенцијата, Зоран Поповски. Тие алармираат дека доколку не се обезбедат средства за нивно нормално функционирање, нема да можат да одговорат на законските обврски во извршувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните, идентификацијата и регистрацијата на животните и издавањето на ветеринарната документација.

Ова доцнење во исплатата на АХВ на ветеринарните друштва е нотирано и во извештаите на ЕК.
Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста, што ќе и ја дадат граѓаните на Македнонија, ќе го запре криминалот и корупцијата што беа основа за владеење на Никола Груевски. Ќе ги врати парите кон граѓаните и ќе обезбеди сигурно финансирање на институциите на системот од витално значење на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“