Индискиот производител на автомобили „Махандра“, кој неодамна стана сопственик на дизајнерското студио „Пининфарина“, го претстави купе-кросоверот „ХУВ Аеро“.
По дизајнерскиот цртеж на новиот концепт од крајот на јануари, можеме да видиме и два компјутерски рендери кои пружаат подобар увид во овој автомобил.
Концептот кој очигледно е инспириран од моделите Х4 и Х6 на „Бе-Ем-Ве“, има поголема висина од земјата, типично за кросовери, како и карактеристична линија на покривот и нагласено проширување над тркалата, кои ги одликуваат спортските купе автомобили.
„Махиндра“ прикажа две верзии, со 3 и со 5 врати.
За сега не можеме да ги видиме деталите на внатрешноста на возилото, но производителот соопшти дека концептот е опремен со кожени седишта, украсни елементи од јаглеродни влакна и метал.
Командната табла која содржи дигитален дисплеј наместо аналогни инструменти, исто така е обложена со кожа.
За погон е избран турбо мотор со 210 коњски сили, со кој автомобилот од нула до 100 километри на час стигнува за помалку од шест секунди.
Во план е и сериска верзија која ќе се темели на концептот, а „Махиндра“ смета дека на некои пазари овој автомобил би бил евтина алтернатива на сродните модели на германските производители.