Европската комисија разработува список со мерки за реадмисија на бегалците во Грција, пишува британскиот весник „Фајненшл тајмс“.
Во написот се наведува дека мерките за реадмисија, кои Грција треба да ги примени имаат цел подобрување на условите за лицата, кои бараат азил во земјата.
Комисијата смета дека на тој начин ќе биде можна реадмисија на мигранти од другите европски земји во Грција како првата земја, во која тие влегуваат, согласно извештајот на Даблинската конвенција, т.н. Даблин 2.
Британскиот весник тврди дека ЕК денеска ќе го објави овој план.