СДСМ: Криминалните политики ги блокираат сметките на фирмите во Македонија  

Од:

„Според последните податоци на Народна Банка, секоја година расте бројот на блокирани сметки на граѓани и фирми.
 
Во 2015 година, бројот на блокирани сметки кај граѓаните се зголемил за 34.106 а кај фирмите за 3.154.
 
Од страна на УЈП за радиодифузна такса беа блокирани 27.000 сметки во 2015 година.
 
Граѓаните, фирмите се потешко можат да работата, немаат пари да ги платат основните трошоци. Тоа се поразителните резултати на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Над 180 илјади граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.
 
Над 500 илјади граѓани во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата.
 
Но, разобличен е криминалот на фамилија.  Заврши времето на Никола Груевски! Граѓаните се обединети против корупцијата и криминалот.
 
Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе го запре криминалот и корупција и ќе создаде услови фирмите во Македонија нормално да работат.

По промените СДСМ ќе ја укине Радиодифузната такса што ја плќаат граѓаните со што дополнително ќе ги ослободи од непотреби трошоци и блокирани сметки“, велат во писменото соопштение од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски