Општина Центар: Нов ДУП „Пролет“ за решавање на децениските проблеми

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со советниците и со раководителите на секторите, синоќа оствари средба со жителите на населбата „Пролет”.

Голема беше заинтересираноста за да се дознаат можностите и новините од ДУП „Пролет“, кој е во фаза на изработка.slika 3

„За да се реши проблемот на сите згради, од кои најголемиот број се во лоша состојба, се предвидува зголемување на катноста за уште два спрата и поткровје. Со ова, зградите во најстарата населба во Скопје ќе станат атрактивни за инвеститорите. Тие, пак, ќе бидат должни да ја санираат зградата, да постават енергетско-ефикасна фасада, нови инсталации, но и за првпат да инсталираат лифт. Општината нарача елаборат во Институтот за земјотресно инженерство, и на средбата наредната недела ќе ги презентираме наодите за стабилноста, доколку се зголеми катноста“, рече Жерновски.slika 2

Граѓаните своите размислувања ќе ги искажат на наредната средба, но и на јавната анкета за ДУП „Пролет“, која, како што вети Градоначалникот, ќе трае колку што е потребно и колку што ќе побараат жителите. slika 1

Се очекува новиот ДУП да се најде на Дневен ред на една од наредните седниците на општинскиот совет.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец