Паркинг-место во централниот дел на Лондон е огласено за продажба за цена од 350.000 фунти (506.000 долари). Цената на парцелата долга околу шест метри и широка 2,4 метри е апсолутен рекор во Обединетото кралство, пишува весникот „Дејли меил“.
Цената е за два пати повисока од просечната вредност на куќа во Англија и Велс. Секако, недвижностите во Лондон се многу поскапи, каде становите доаѓаат до цена од 514.000 фунти (743.000 долари).
Паркинг-местото се наоѓа во непосредна близина до Хајд парк, на тивката улица Хајд парк гардес, каде цената на становите надминува и 14 милиони долари.
Фирмата, која го огласила паркинг-местото на продажба, вели дека местоположбата му е идеална, има добра транспортна врска, и е близу до железничката станица Кросреил. Местото се продава со времено ограничување – со рок за 88 години.
Во 2014 година, место во подземен паркинг во лондонскиот регион Кенсингтон, доволно за две возила, беше продадено за 578.000 долари, што претставуваше рекорд дотогаш.