Јапонскиот производител на автомобили на саемот во Женева ќе го претстави концептот што ја најавува следната генерација на компактниот кросовер „ХВ“.
Првата фотографија што „Субару“ ја објави само за да ја пробуди фантазијата на љубителите на автомобили не открива многу за моделот. Се гледа само предниот дел од концептот со остри рабови и специфични фарови што ги одликуваат новите концептни автомобили на овој производител, како што е „Субару Импреза 5-Доор“.
Што се однесува до дизајнот на надворешноста, се очекува „ХВ“ да биде токму на трагата на спомената „Импреза“, со малку повисоко отстојание од тлото и заштитни елементи на долните делови од каросеријата, како кај другите слични кросовери.
Автомобилот е поставен на модуларна механичка платформа, што ќе ја дели со идната сериска „Импреза“ (хечбек и лимузина).
Меѓусовинското растојание на концептната верзија на „Импреза“ е 2,67 метри, па треба да се очекува дека и „ХВ“ ќе има слично растојание меѓу предната и задната осовина.
Повеќе детали и фотографии на концептот ќе бидат објавени најдоцна до 1 март, кога новиот „ХВ“ ќе дебитира на женевскиот авто-салон.