Лавров: Русија им предложи на САД план за прекин на огнот во Сирија

Од:

 Русија им предложи на САД план за прекин на огнот во Сирија. Вашингтон во моментов го проучува, во интервју за весникот „Московскиј комсомолец“ изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, цитиран од ТАСС.

-Без да откривам особени детали на планот ќе забележам дека за разлика од нив, кои постојано само повикуваат на итно прогласување на примирје, против кое застануваат, пред се, сојузниците на САД во регионот, инсистирајќи на тоа дека ова прашање може да се разгледа само кога ќе стане јасно дека (претседателот на Сирија) Башар ал-Асад ќе си замине, во нашите контакти со Вашингтон предложивме апсолутно конкретен план, што во моментов тие го проучуваат, рече Лавров.

„Се надевам дека многу едноставните предлози што се наоѓаат во планот нема да им одземат премногу време за да бидат разгледани од Вашингтон“, забележа Лавров.

Тој потсети дека американскиот државен секретар, Џон Кери, пред извесно време во свое интервју зборувал за рускиот предлог.

Лавров, исто така, забележа дека Москва не работи сама врз горливата тема Сирија, туку во содејство со други меѓународни партнери.

Шефот на руската дипломатија изрази зачуденост што германскиот канцелар Ангела Меркел безусловно ја поддржа Турција во однос на ситуацијата во Сирија, на одгласите за уцената на Анкара во врска со проблемот со миграцијата, пренесе ТАСС.

-Зачудени сме од безусловната поддршка за Анкара во целата сириска криза, што прозвучи при посетата на германскиот канцелар Ангела Меркел, рече Лавров.

„При тоа за главен виновник за тоа што се случуваше беше посочувана Русија, за тоа дека нападите на нејзините воздухопловно-вселенски сили ги зголемија бегалските бранови. И збор не беше кажан – барем не јавно – за очигледните факти: дека терористичката закана во Сирија се оддржува  со шверцот преку турската граница и во двата правца. Во едниот – борци, оружје, пари и мноштво неопходни нешта за продолжување на терористичката активност. А во другата – нафта и други стоки, што се забранети за трговски операции со бандити“.

– И сето тоа при отворена уцена на Анкара во врска со проблемот со мигрантите, подвлече рускиот министер.

Во интервјуто Лавров уште кажа дека отстранувањето на Курдите од преговорите за Сирија е високо промислена позиција на Турција, која никој повеќе не споделува.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски