Десет лица загинаа во железничката несреќа, што се случи денеска во германската покраина Баварија, јави ДПА. Едно лице се уште се смета за исчезнато.
– Немаме големи надежи да го пронајдеме жив, изјави претставник на полицијата.
Според последните информации, повредени се над 80 лица, 18 од нив потешко.
Се уште не е јасно која е причината за челниот судар меѓу двата воза, што се случи крај градот Бад Ајблинг.
Во двата воза патувале стотина лица.