Шекеринска во Радовиш: Власта во заминување потроши 630 милиони евра за споменици

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во придружба на претседателката на Комисијата за информатичко општество, Цветанка Иванова и претседателот на Комисијата за транспорт и врски Благој Бочварски денеска се помеѓу граѓаните на Општина Радовиш.

 
Граѓаните во Радовиш и цела источна Македонија се целосно заборавени од власта во заминување. Напуштени огништа, невработеност, низок животен стандард, казни и трошоци се само дел од проблемите за коишто се разговараше.
 
-Вашите реални проблеми и проблемите на граѓаните не можат да допрат до јавноста затоа што провладините медиуми, преплатени со наши пари, прикажуваат поинаква, виртуелна реалност, рече Шекеринска.
 
Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за три години, потенцираше Шекеринска.
 
Расипничката власт во заминување на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици.
   
-Целта на нашата Програма којашто ја работевме заедно со вас е да ги промениме работите во државата. Да обезбедиме иднина за младите дома, минималната плата да изнесува речиси 30 илјади денари, ќе ги укинеме извршителските трошоци, ќе ја укинеме радиодифузната такса и ќе ја вратиме ефтината тарифа на струјата. Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста криминалот ќе биде победен. Заедно со вас Македoнија ќе биде добро место за живеење, добро за сите, рече Шекеринска.
 
Шекеринска ја повтори позицијата на СДСМ дека без прочистен список и регулација на медиумите нема слободни, фер и демократски избори.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ