(ВИДЕО) Случајот „Диво насеље“ не бил побаран од Специјалното јавно обвинителство

Од:

„Не сум виновен“, „Ова не е правда“, „Само затоа што сум Албанец – сум и терорист“, со овие зборови 29 – те обвинети за тероризам и терористичка организација, во нападите на полицискатата станица во Гошинце и нападите во „Дива населба“ во Куманово, што се случија на 9 мај 2015, се изјаснија дека не се виновни на денешното прво судско рочиште.

Повеќе од обвинитите рекоа дека не биле дел од група и дека не знаат зошто се обвинети. Само обвинетиот Генци Сефа потврди дека бил припадник на групата, но се изјасни дека е невин по обвинението, а првообвинетиот Сами Укшими, познат како командант Соколи, пред Судот изјави дека се чувствува делумно виновен за делото за кое го товарат.

На почетокот на судењето адвокатите на обвинетите побараа случајот да биде превземен од Специјалното јавно обвинителство, на што судијата Вера Перковска, рече дека за овој предмет нема добиено барање од СЈО. Предметот ќе биде предаден доколку пристигне такво барање до судот.

Потоа одбраната побара изземање на јавните обвинители Вилма Русковска и Наум Пановски, оти сметаат дека истрагата не била завршена. Бранителите побараа да им се одговори на предлогот за невро-психолошко вештачење на обвинетите, затоа што, како што велат, дел од обвинетите не се во добра психо-физичка состојба за да може да дадат исказ. Судот го одби ова барање.

Обвинителството соопшти дека располага со доказен матиерјал со кој ќе докаже дека 29-мината со директна умисла ги извршиле делата во Гошинце и Куманово и се виновни за тероризам и терористичко организирање.

Според обвинението, 29 – мината на 21 април, извршиле напад врз полициската станица во Гошинце, а во кумановско Диво Насеље единица за специјални задачи при МВР постапувајќи по судска наредба при вршење на претрес за да пронајде лица за настанот во Гошинце наишле на жесток напад од паравоена структура.

Како што вели Обвинителството, криминално-терористичката група прво фрлила рачна бомба при што биле повредени многу специјалци, а потоа со рафални истрели од автоматско оружје го продолжиле нападот. При овој напад на 9 мај 2015 загинаа осум полицајци, а 42 полициски службеници беа тешко повредени. Јавниот обвинител рече дека паравоената структура била сочинеа од државјани на Косово, кои имале логистичка поддршка од државјани на Македонија. Од 29 обвинети, 18 се државјани на Косово, 10 имале македонско државјанство и еден од обвинетите Енвер Хоџа Клајн, има германско државјанство.
Еден од обвинетите Арсим Бајрами работел во МВР до денот на приведувањето.

Адвокатот Шазивер Исеини во својот воведен збор рече дек обвинителниот акт е непрецизен

-Повторно Судот треба да ја заврши работата што не ја завршило Обвинителството. Обвиниението не стои на стаклени, туку на хартиени нозе, рече Исеини.

Судењето се одржува под силно полициско обезбедување. Следното рочиште е закажано за в четврток.

Би можело да ве интересира

Девет години од настаните од „Диво Насеље“

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска

Алтернатива тврди дека мнозинството зависело од ветувањето на Ковачевски за меѓународна истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

A1on

Шести ден штрајк на осудените за Диво Насеље, бараат подобри услови

Кристијан Ландов

Откриена спомен биста во Брвеница на загинатиот припадник на единицата „Тигар”, Жарко Кузмановски