Цените на нафтата по две недели раст, денеска забележаа пад на светските пазари, бидејќи не е постигнат напредок во разговорите на најголемите светски производители за намалување на производството на енергенсот.
Цената за барел нафта на лондонскиот берза падна на 34,06 долари за барел, што е околу два проценти помалку отколку седум дена претходно, додека на берзата во Њујорк цената за барел американска нафта се намалена на 30,89 долари, губејќи на неделно ниво повеќе од осум отсто.
Минатата недела цените на нафтата исклучително осцилираа. Кога на пазарите се зајакна надежта дека најголемите светски производители ќе постигнат договор за намалување на производството, цените почнаа да растат.
Од друга страна, кога податоците за раст на резервите во САД покажа дека побарувачката во оваа земја е помала, цените се најдоа под притисок.