Николовски во Центар Жупа: Груевски се плаши од вистината

Од:

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство,Љупчо Николовски, заедно со претседателката на Комисија за труд и социјала на СДСМ, Мила Царовска и членот на Извршниот одбор на СДСМ Аднан Џаферовски ги посетија жителите на општина Центар Жупа.

Граѓаните во регион се револтирани од погрешните политики на Груевски и фамилијата коишто ги оставија граѓаните без работа и без егзистенција.

-Овој прекирасен крај од Македонија е еден од најзапоставените. Нема пат добар, инфраструктурата е многу лоша, не се инвестира. Не се сеќаваме фабрика кога е отворена, рече еден од жителите.

-Жално е ова, во 21. Какви тоа бајки раскажуваат по телевизиите, нека дојдат тука и нека видат како ни ги избркаа децата од државава за да одат да заработат за корка леб! Без работа сме, ниту едно погонче не отворија, само празни ветувања од Никола Груевски, некои од нас едвај преживуваат!, беа дел од жалните сведоштва на жителите на овој регион.

Николовски презентираше дел од мерките во Програмата на СДСМ коишто ќе ги задржат младите во државата и ќе обезбедат подобар живот на сите граѓани на Република Македонија.

-Ние ветуваме напорна работа, имаме чесни, вредни, способни луѓе. Сакаме да изградиме општество еднакво за сите. Ветуваме зголемување на социјалната помош на 12.000 денари. Ќе ги вратиме парите кон граѓаните, вработените да имаат вкупен доход од 29.000 денари. Во делот на земјоделието, ќе ги зголемиме субвенциите на 160 милиони евра, ќе воведеме зелената нафта, рече Николовски.

Николовски посочи какви се злоупотреби и криминали се правеле преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како оваа власт народните пари си ги складирала во џебовите на своите партиски функционери. Пропагандата на провладините медиуми е платена со пари на граѓаните.

-Владините мегафони за ширење лаги добиле 20 милиони евра, за три години, пари на граѓаните. Еве гледам тука проблем се локалните патишта. Со 20 милиона евра 400 километри локални патишта можеа да се обноват, да се направат амбуланти во 80 села, рече Николовски.

Зборувајќи за актуелната политичка ситуација Николовски рече дека Никола Груевски се плаши од вистината и затоа бега од фер битка која знае дека ќе ја загуби.

Без прочистен список и слободни медиуми во Македонија нема услови за фер и регуларни избори, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“