Ферари од 1957-ма продаденo за рекордни 32 милиона евра

Од:

Легендарниот тркачки автомобил на италијанскиот производител „Ferrari“ од 1950-те години е продаден за повеќе од 32 милиона евра на наддавање во Париз, со што го надмина рекордот во продажба на возила на аукција.

Моделот „Ferrari 335 S Spider scaglietti“, произведен 1957 година бил понуден во петокот по цена од 28 милиони евра, а постигнал значително повеќе, па новиот сопственик, со сите трошоци, ќе мора да исплати 32.075,200 евра.

Претходниот рекорд за најскапо продадено „ферари“ на аукција беше моделот „Ferrari 250 GTO“ од 1962 година кое беше продадено во 2014 година за 38 милиони долари, односно 28,9 милиони евра.

Сепак, и покрај астрономската цена што ја платил новиот сопственик кој наддавал на париската аукција на „Artcurial“, тон нема да може да го користи возилото на патиштата, бидејќи тоа е дизајнирано само за трки. Со него управувал легендарниот британски автомобилски ас Мајк Хауторн во 1957 година на митската трка „24 час Ле Ман“.

Најскапото „ферари“ заминува за САД, но името на новиот сопственик не е објавено. Тоа беше во сопственост на францускиот индустријалец Пјер Барденон, кој беше еден од најголемите стручњаци за оваа марка, а почина во 2012 година и го поседуваше повеќе од 40 години. Станува збор за еден од само четирите произведени примероци од овој модел.

Кога станува збор за тркачки автомобили, претходниот рекорд го држеше „Mercedes W196“ од 1953 година, возен од славниот Аргентинец Хуан Мануел Фанџо, кој во јули 2013 година на аукцијата на куќата Bonhams беше продаден за 23 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ