Со парите потрошени за пропаганда, ќе се обновеа 400 километри локални патишта

Од:

Еве, фотографиите во прилог покажуваат како изгледаат локалните патишта во Македонија, дупка до дупка, реагираат од СДСМ.

Ова е реалност во којашто живеат граѓаните од населните места во општина Долнени, Црнилиште, Ропотово, Лажани, но и во многу други места ширум Македонија. Реалност што не може да се види на провладините медиуми платени со милионски суми пари на граѓаните за ширење на лаги.

f3

За три години Никола Груевски потроши 20 милиони евра за медиумска пропаганда а само со 2,5 милиони евра се решаваат сите проблеми во едно населено место, пат, водовод, канализација.

Со 20 милиони евра, пари на граѓаните, можеше да се обноват 400 километри локални патишта за голем дел од селата во Македонија.

f1

Но, за Груевски приоритет не беа граѓаните и нивните основни потреби.

Катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат локалните патишта во Македонија се последица на криминалното владеење на Никола Груевски и фамилијата.

Од криминалните политики на Никола Груевски останаа само дупки, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски