(ВИДЕО) Спасовски: Целите на СДСМ се слободни и независни медиуми

Од:

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, придружуван од Митко Андреевски, претседател на Комисијата за енегетика на СДСМ, денеска беше меѓу граѓаните на Ѓорче Петров и Сарај.

 Со граѓаните Спасовски разговараше за нивните секојдневни проблеми и за актуелната политичка ситуација.

Граѓаните на Ѓорче Петров и Сарај се пожалија што нивните проблеми не можат да се видат, ниту да се чујат на владините медиуми. Иако се дел од Град Скопје, граѓаните од овие населени места се соочуваат со низа комунални проблеми, лоша инфраструктура, руинирана амбуланти.

– Неверојатни 20 милиони евра се префрлени на провладините медиуми за да ги штитат криминалите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и да шират лаги. Со овие 20 милиони евра, можеше да се решат голем број на проблеми на граѓаните. Еве, во Ѓорче 2 гледам дека амбулантата е руинирана целосно. Со овие 20 милиони евра ќе се обезбедеа 80 нови амбуланти низ Македонија со соодветен медицински персонал – рече Спасовски.

Тој додаде дека само ден по инцидентот во Куманово, префрлени се 2.6 милиони евра на Сител, Канал 5 и Алфа за да лажат, да објавуваат конструкции, да обвинуваат други.

– СДСМ има системски решенија коишто ќе гарантираат слободно и објективно известување на медиумите. Новата владата предводена од СДСМ ќе ја укине радиодифузната такса, ќе го реформира јавниот сервис МРТВ како гласило на граѓаните за нивно објективно и навремено информирање. Одговорен уредник на медиумите нема да бидат владата и владејачките партии. Слободни медиуми за слободни граѓани, тоа се целите на СДСМ – рече Спасовски.

Тој потенцираше дека СДСМ нема да остапиме во борбата за слобода и демократија, а избори се можни само со создадени услови за фер и демократски процес со прочистен избирачки список и регулиран медиумски простор.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мора да има одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Лажно и манипулативно е тврдењето на СДСМ дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски