Времен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Од:

Поради изведување работи на пат  со минирање на патот А2 Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека – с.Врбјани од 13 до 15 часот денеска сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по наместа влажни коловози. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он