Во силниот земјотрес што синоќа го погоди јужниот дел на Тајван, загинаа најмалку седум луѓе, меѓу кои две деца.
Земјотресот предизвика уривање на најмалкуи четири згради, од кои една од 17 катови.
Околу 230 луѓе се спасени од под урнатините, додека 380 лица се повредени во земјотресот. Се уште се трага по 26 луѓе.
Силниот земјотрес бил со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри јужно од градот Јуджинг.