СДСМ: Медиумите на Груевски молчат, а странските компании си заминуваат

Од:

„Странски познати компании ја напуштаат Македонија. Во медумскиот мрак Груевски истури 20 милиони евра народни пари за да меѓудругото ги лаже граѓаните дека Македонија е меѓу најдобрите земји во светот и Европа за водење бизнис.

Медиумите на Груевски молчат, а странските компании ја напуштаат Македонија.

Познатиот ланец на супермаркети Carrefour го затвори супермаркетот во Скопје Citymall оставајќи долгови кон домашните компании и банки.

Во Македонија владеат Undoingbussiness услови за работа и водење бизнис и доказ за тоа се токму ваквите заминувања од Македонија на светски познатите брендови како што е Carrefour.

Домашните бизниси го селат својот капитал во странство, а светски познатите комапнии ја напуштаат Македонија.

Само во виртуелниот свет на Никола Груевски Македонија е меѓу првите земји во светот по водење бизнис.

Резултат на промашените економски политики на Груевски се огромни долгови на сметка на домашните фирми и вработени оставени на улица без работа.

Ако беше Македонија земја рај за водење бизнис, како што лаже Груевски, Carrefour ќе отвореше повеќе супермаркети низ цела Македонија.

Но, Carrefour го затвори супермаркетот, оставајќи вработени на улица и долгови кон домашните компании.

Undoingbusiness условите за водење бизнис што Груевски ги создаде затворија 10 000 домашни фирми.

Undoingbusiness условите за водење бизнис ја оставија секоја трета фирма во Македонија со блокирана сметка.

Промашените економски политики на Груевски и Undoingbusiness условите за водење бизнис ги бркаат светски познатите компании од Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа