А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Во Македонија постојат само фантомски вработувања  

by А1он05/02/2016 - 14:5065
Share0

„Директорот на Агенцијата за вработување во заминување, Влатко Поповски, не може да зборува за вработувања освен ако не мисли на вработувањата на македонските граѓани во странство.
 
Поразителни се податоците дека десетици илјади жители годишно ја напуштаат Источна Македонија од своите родни огништа, и тоа со странски пасоши. Секоја година се празнат Делчево, Виница, Македонска Каменица, Кочани, Пехчево и Берово. Тоа најдобро го чувствуваат семејствата чиишто деца се заминати.
 
Според податоците на Светска банка 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, најголем број млади, образовани луѓе. Никола Груевски не може да влијае на овие податоци. Тие се реални, не се фантомски.
 
Поради невработеноста и нискиот стандард секој втор млад човек сака да си замине од Македонија.
 
Додека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ предизборно се расфрлаат со лажни, виртуелни инвестиции и вработувања, Македонија се соочува со најголемиот егзодус на граѓаните, пред се младите.
 
Надвор од границите на Македонија, дипломираните инженери, економисти, правници, се принудени да работат и како келнери. На тие ли вработувања мисли Поповски?
 
Корупцијата во врвот на власта однесе безброј работни места и запушти многу населени места во Македонија.
 
Наместо 8 милијарди евра инвестиции 8 милијарди лаги на Никола Груевски скапо платени преку пропагандата на медиумите.
 
И додека над 180 илјади граѓани се борат за основна егзистенција, а над 500 илјади живеат на работ на сиромаштијата, за три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа за ширење на владиниот популизам завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.
 
Во Курир, Република и Радио Слободна Македонија над 3 милиони евра!
 
Кај газдата на Нова телевизија, Кочан, 4 милиони евра!
 
Тоа се неверојатни 20 милиони евра. Медиумскиот мрак, пропагандата и медиусмките хајки се платени со пари на граѓаните.
 
Во Македонија постојат фантомски вработувања, во реалноста невработеноста расте“, велат од СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram
sdsm

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео