Со натпреварот меѓу екипите на Баја Маре и Ференцвароф, кој ќе се игра вечерва од 20 часот во Букурешт, продолжуваат натпреварите од главната фаза по групи во женската Ракометна лига на шампиони.
Ова е средбата од групата 1 во кој утре ќе играат, Ростов Дон – Турингер и Ларвик – Флори.
Во групата 2, за нас најголемо внимание ќе привлече настапот на македонските шампионки, ракометарките на ЖРК Вардар, кои утре пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ од 17 часот и 30 минути ќе го играат дуелот против Савенхоф.
Покрај овој меч утре во оваа група ќе се игра и средбата Ѓер – Букурешт, а в недела на програмата е дуелот Мидтиланд – Будуќност.
Табела – група 1: Ростов Дон 12 бодови, ФТЦ Ференцварош 9, Ларвик 6, Баја Маре 4, Флори 4 и Турингер 1.
Табела – група 2: Будуќност 9 бода, Ѓер 9, Букурешт 7, ЖРК Вардар 6, Митјиланд 5 и Савехоф 0.