Следната недела средба меѓу папата и рускиот патријарх на Куба

Од:

Папата Франциско и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил следната недела ќе се сретна на Куба, соопшти денеска потпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди.

– Средбата ќе се одржи на 12 февруари, нагласи Ломбарди.

Како што јави Танјуг, ова ќе биде прва средба на еден римски папа и еден руски патријарх во историјата.

Папата Франциско ќе престојува во посета на Мексико од 12 до 18 февруари, но на патот кон Мексико Сити ќе застане во Куба и ќе се состане со патријархот Кирил на аеродромот во Хавана.

Според најавите од Ватикан, за време на средбата папата и патријархот ќе потпишат и заедничка декларација.

Првата средба на поглаварите на Римокатоличката и на Руската православна црква, медиумите ја оценуваат како прв голем чекор кон надминување на речиси илјадагодишниот раскол што датира од поделбата на христијанската црква во 1054 година.

Би можело да ве интересира

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on