(ВИДЕО) Шилегов: Со 20 милиони евра за медиумска пропаганда 80 села може да добијат современа амбуланта

Од:

Осумдесет села во цела Македонија можеа да добијат современа амбуланта со медицински персонал со народните пари кои медиумите ги добиле од државата, обвини портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој кажа дека за три години, на сметките на Сител, Канал 5, Алфа, „Република“, „Курир“, „Радио Слободна Македонија“ и Телевизија Нова, медиумите добиле неверојатни 20 милиони евра пари од државата.

– Наместо решавање на проблемите на граѓаните, 20 милиони евра отидоа за пропаганда, нарачани прилози и црни кампањи. 20 милиони евра за медиумите каде што вистински газда и уредник е Никола Груевски, рече Шилегов.

Според Шилегов, со тие 20 милиони евра можеле да се отворат 4 фабрики и да се овозможат најмалку 4 илјади реални работни места, а не виртуелни работни места во фантомски фирми.

Тој вели дека со народните пари дадени на медиумите, државата можела да изгради 15 нови, современи градинки и да се обезбедат соодветни услови за над 3.000 дечиња.

– „Република“ не може да ги оправда милионските приходи ниту да ја демантира поврзаноста со Белизе, даночниот рај на Никола Груевски. Официјалните документи го потврдуваат тоа, рече Шилегов.

На прашање дали ќе се извини на редакцијата на „Република“, Шилегов рече дека ќе разговара, но со вистинскиот сопственик на медиумот, односно оној од Белизе.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ