СДСМ: Медиумите на Груевски го кријат проблемот со загадувањето

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со месеци продолжува да го игнорира проблемот со загадениот воздух кој штетно влијае врз здравјето на граѓаните.

Во Центар загадувањето е дватапати повисоко од максимум дозволеното количество на ПМ10 честички, во Лисиче 3 пати над дозволеното, Гази Баба исто, а во Карпош загадувањето е неколку пати над максимум дозволеното количество на ПМ10 честички.

Во Тетово количеството на ПМ10 честички е 2 пати над дозволеното, а загадувањето во Битола е 3 пати над максимум дозволеното.

Медиумите на Никола Груевски го кријат проблемот со загадувањето.

Додека граѓаните се гушат во загаден воздух и нема инвестиции во животната средина, над 13 милиони евра, пари на граѓаните, завршиле на сметките на Сител, Канал 5 и Алфа.

Заедно со 1,3 милиони евра на сметката на „Курир“, 1,1 милион евра на сметката на „Република“ и 617 илјади евра на сметката на „Радио Слободна Македонија“ тоа се неверојатни 16 милиона евра.

Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните а медиумите на Никола Груевски молчат за проблемот.

Неодговорно и неетички е медиусмките курири да не известуваат и да не го третираат овој проблем којшто предизвикува сериозно нарушување на здравјето на граѓаните.

Ова потврува дека за медиумите на Никола Груевски не се важни интересите на граѓаните и јавната свест туку само пропагандата и медиумските црни кампањи, платени со пари на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“