Вардар гостува кај Борац во дуел од СЕХА лигата

Од:

Македонскиот првак Вардар со дуелот против Борац го продолжува настапот во ракометната СЕХА лига.

Поради Европското првенство, црвено-црните по речиси двомесечна пауза ги очекуваат два натпревари во неполни 24 часа.

Првиот е вечерва во Бања Лука од 20 часот, во кој ќе му гостуваат на тимот на Борац. Веќе утре од 19 часот, црвено-црните ги очекува нов натпревар и тоа против траиционално незгодниот тим на Хексе.

За утре закажани се уште два натпревари. Во терминот од 16 часот и 15 минути, вториот македонски преставник во ова натпреварување Макс Струмица гостува во Унгарија на мегдан на топ фаворитот и актуелен шампион Веспрем.

Од 18 часот ќе се игра натпреварот Татран Прешов – Мешков Брест.

Табела: Веспрем 34 (12 одиграни натпревари), Вардар 34 бодови (14), ППД Загреб 30 (13),  Татран Прешов 27 (14), Мешков Брест 24 (12), Нексе 21 (14), Војводина 11 (15), Борац 10 (14), Спартак 10 (15) и Макс Струмица 2 (15).

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска