Ен-Би-Си: Експлозијата во сомалискиот авион најверојатно е предизвикана од бомба

Од:

Експлозијата, поради која сомалискиот авион на компанијата „Дало ерлајнс“ мораше принудно да слета веднаш по полетувањето, најверојатно е предизвикана од бомба, објави американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

– Тоа веројатно беше бомбашки напад, изјавил истакнат дипломат близок до истрагата.

Претходно, експерти и српскиот пилот Владимир Водопивец (64), кој успешно го приземји авионот, исто така, сметаат дека експлозијата е предизвикана од бомба.

Сомалиската Влада, пак, соопшти дека според неа причината за експлозијата има врска со воздушниот притисок.

Експертот за безбедност на авиосообраќајот Ксавиер Тителман изјави дека ги споредил снимките од експлозијата со фотографии од претходни експлозии и смета дека тоа е експлозија од бомба.

Сомалиски официјални претставници изјавија дека во експлозијата во авионот, која се случи во вторникот, загинал еден маж, а поради инцидентот авионот се вратил во Могадишу и принудно слетал.

Авиопревозникот „Дало ерлајнс“ соопшти дека авионот со 74 патници полетал од Могадишу кон Џибути, но по инцидентот се вратил во сомалискиот главен град, а притоа се повредени две лица.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија