Во Чифте амам денеска ќе биде отворена 16. меѓународна ликовна манифестација „Зимски Салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).
Со годинашниот „Зимски салон“ почнува прославата на 70-годишниот јубилеј на ДЛУМ. Прикажани ќе бидат 45 дела од домашни творци и селекција од гости-автори од повеќе европски земји.
Куратор е Хелена Фенцлова од Република Чешка која, инспирирана од географските карактеристики на Македонија, како и од разноликоста на индивидуалните интелектуални дејствија, како тема за изложбата ја одбра „Нивоа на нашата свест“.
„Зимски Салон“ , основан во 1991 година, е единствена манифестација од овој вид во Македонија.