СДСМ: „Република“ не може да ги оправда приходите

Од:

„Република не може да ги оправда приходите. Ниту пак може да се демантира поврзаноста со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Официјалните документи го потврдуваат тоа.

Дали граѓаните на Република Македонија треба да им се извинат на медиумите на Никола Груевски затоа што живеат со по 40 денари на ден?

Дали можеби граѓаните треба да се извинат што поради промашените економски политики во секое семејство во Македонија има по најмалку еден член надвор од државата?

Дали треба да им се извинат на Канал 5, Сител и Алфа телевизија што 13 милиони евра, пари од граѓаните, завршиле на нивните сметки за три години?

Медиумските курири треба да се извинат што ги земаат парите на граѓаните за креирање на лажна слика и искривување на катастрофалната реалност.

Не само што од Владата директно добивале милиони туку и индиректно, преку рекламите на јавните претпријатија се слевале пари од граѓаните на нивните сметки.

За пропаганда, нарачани прилози и црни кампањи, медиумите коишто вистински газда е Никола Груевски се платени со пари на граѓаните.

Само одговорноста на вистинскиот сопственик на Курир и Република, Никола Груевски, и враќањето на парите на граѓаните може да се смета за извинување што им украде 10 години од нивниот живот“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ