(ВИДЕО) Битолчани масовно на протест против продажбата на Офицерски дом

Од:

Голем број граѓани, вчера во Битола се собраа да протестраат против продажбата на Офицерскиот дом и за негово враќање во надлежност на општината.

Власта официјално да потврди дека е стопирана продажбата на Офицерскиот дом, да се реконструира со државни пари и да се стави во функција, порачаа граѓаните.

Потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, рече дека до Владата поднел барање веднаш да ја поништи одлуката објавена во Службен весник за продажба на објектот на АРМ во Битола, познат како Офицерски дом.

Кирацовски рече дека побарал Офицерскиот дом да се даде на користење на Битола и битолчани, како и да се издвојат пари од Буџетот на РМ за реконструкција на домот. Финансии за таа намена ќе бидат побарани и од Општина Битола.

Собирот се одржа под мотото „Да го вратиме Офицерски дом на Битола и битолчани“.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ