Терористите што планирале напади во Берлин во Германија дошле преку Балканот

Од:

Четворицата припадници на џијадиситчката група Исламска држава (ИД), кои под сомнеж за организирање терористички напади во Германија беа приведени во три азилантски центри, во земјата влегле преку „балканската бегалска рута“. 

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, лидерот на групата во Германија пристигнал минатата година како бегалец, по што бил сместен во прифатен центар за азиланти. 

Според германските медиуми, апсењето на четворицата осомничени спречило големи напади на цели во Берлин и други европски центри. Во Берлин нападите требало да бидат извршени на познатиот „Александер Плац“, каде секојдневно се собираат десетици илјади граѓани и туристи. 

Двајца од осомничените предходно повеќепати влегле во Германија и работеле во компанија за автобуски транспорт на бегалци на „Александер Плац“ и други туристички локации во Берлин.
Лидерот на групата е 35-годишен Алжирец уапсен во центарот за азиланти во Атендорн во Северна Рајна – Вестфалија. Тој во Германија влегол минатата есен како бегалец преку „балканската рута“, по што бил регистриран во Баварија.

Германските медиуми по апсењето го поставуваат прашањето како е можно лидерот на групата да добие азил и покрај тоа што Алжир за него има издадено меѓународна потерница поради учество на воен тренинг во Сирија.

Првиот човек на Германскиот полициски синдикат досега во неколку наврати предупреди дека неговата земја нема доволно ресурси за да ги провери сите баратели на азил и дека Владата во Берлин не сака тоа јавно да го признае.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ