Без струја утре делови од неколку општини

Од:

Без електрична енергија утре од 09:00 до 14:30 часот ќе останат корисниците од реонот Гази Баба во општина Гази Баба, а од 08:30 до 15:00 часот корисниците од ул.„Герника“ со подулиците на патот кон Тулана,  подулиците 3, 5, 7, 9, 11 и 13 од ул. „Ратко Митровиќ“ и делот од Драчево кон с. Долно Лисиче пред пругата во општина Кисела Вода.

Од РЦУК Скопје информираат дека од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „Невена Георгиева – Дуња“ во општина Кисела Вода, а од 07:00 до 08:00 часот корисниците од дел од с. Јурумлери, Идризово, Дрма, Мралино, Кадино, ул. бр. 3 Кадино, Макпетрол – Идризово, КПД Затвор Идризово, фирмите Пивара, Мајами, Ана Компани, Здравко и Мак Лифт во општини Гази Баба и Илинден.

Утре од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „9-ти Мај“ и „Христо Смирненски“ во општина Центар, а од 10:00 до 14:00 часот корисниците од ул.„Ловќенска“,  ул. „Загребска“ и ул. „Леринска“ во општина Карпош.

Во периодот од 08:00 до 10:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул. „Лисец“ пред пругите кај Хемтекс во општина Аеродром, од 09:00 до 11:30 часот корисниците од ул. „Михаил Чаков“ со бр. 100 и 102 во општина Кисела Вода, а од 08:30 до 13:00 часот корисниците од улиците „Афузлашина“, „Чаирска“ и „Бајрам Шабани“ во општина Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.

Би можело да ве интересира

Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 мај 2026 изнесува 116,02 евра за мегават час, на МЕМО 67,02 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 15 мај 2026 изнесува 118,89 евра за мегават час, на МЕМО 83,18 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 08 мај 2026 изнесува 140,46 евра за мегават час, на МЕМО 124,11 евра за мегават час

Горан Наумовски

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 април 2026 изнесува 98,21 евра за мегават час, на МЕМО 65,19 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час