Државата нуди подобра дрога од мафијата, цена иста

Од:

Продажбата на марихуана во Уругвај е под владина контрола, се во интерес на конзументите. Парламентот го разгледува законот за регулирање на пазарот на дрога.

„Денеска марихуаната доаѓа од црниот пазар… помешана е со други супстанци или содржи делови од билки кои не се за човечка употреба. Затоа државата ќе обезбеди марихуана со подобар квалитет“, рече Хулио Калсада.

„На црниот пазар 25 грама марихуана чини 500 пезоси (25 долари)“, вели тој и додаде дека соработува со меѓународни експерти и други домашни заинтересирани странки.

Утврдено е дека цената на марихуаната која државата ќе ја дистрибуира на легален начин, ќе биде блиску до просечната цена на нелегалниот пазар.

Предлог законот со кој државата би го регулирало производството и продажбата на марихуана, е поднесен до Парламентот на почетокот на август. Власта има намера да го одобри организираното одгледување канабис, наменето за лична употреба.

Според медиумите, секој потрошувач ќе има личен анонимен баркод-картичка со која би можел легално да купи по 40 грама марихуана месечно.

Во Уругвај, земја со 3.2 милиони жители, околу 20 илјади се луѓето кои редовно пушат марихуана.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ