На 98-годишна возраст почина бугарскиот патријарх Максим.
Информацијата за неговата смрт е потврдена на официјалната на интернет страна на бугарскиот Свети синод.
Во неа стои дека патријархот починал утринава неколку минути пред 4 часот во софиската болница „Лозенец“.
„Бог да го прифати и да му ја помилува душата на нашиот сакан и многу почитуван патријарх – Неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим“, соопштиле од бугарската црква.
Патријархот Максим, чие световно име е Марин Минков, е роден на 29 октомври 1914 година во тројанското село Орешак. Основно и гимназиското образование завршил во своето родно село. Дури на 12 години Минков е испратен од своите родители во Тројанскиот манастир.