Би-Би-Си: ОН одлучиле во корист на Асанж

Од:

ОН ќе побараат ослободување на основачот на Виликикс, Џулијан Асанж, откако панелот на ОН на расправата за неговиот притвор, донел одлука во негова корист, јави денеска Би-Би-Си.

Би-Би-Си наведува дека ОН таа одлука ќе ја објават утре.

Претходно Асанж, кој повеќе од три години е во еквадорската амбасада, изјави дека утре ќе и се предаде на британската полиција, ако комисијата на ОН пресуди дека не е нелегално притворен.

– Ако ОН утре објават дека сум го изгубил случајот против Велика Британија и Шведска, ќе излезам на пладне од амбасадата и ќе прифатам да ме уапси британската полиција, бидејќи нема изгледи за натамошни жалби кои би имале смисла, наведе Асанж во соопштение.

Асанж истакна дека, меѓутоа, ако биде поинаква одлуката, очекува веднаш да му се врати пасошот и „да се запрат обидите за апсење“.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори