Скотланд јард: Асанж ќе биде уапсен ако ја напушти еквадорската Амбасада

Од:

Британската полиција денеска соопшти дека ќе го уапси основачот на сајтот Викиликс, Џулијан Асанж доколку ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Ваквата најава на Скотланд јард уследи откако Асанж соопшти дека утре ќе ја напушти еквадорската Амбасада и ќе прифати да биде уапсен од британските власти, доколку панелот на Обединетите нации, кој го истражува неговиот случај, донесе одлука која не е во негова корист.

Асанж се крие во еквадорската Амбасада од јуни 2012 година, за да не биде екстрадиран во Шведска, која го бара за да го сослуша во врска со обвиненија за сексуално насилство врз две жени во 2010 година.

Се очекува работната група на ОН да ги претстави заклучоците утре изутрина.

– Доколку ОН утре објави дека сум го загубил случајот против Велика Британија и Шведска, јас ќе ја напуштам Амбасадата в петок попладне и ќе се согласам да бидам уапсен од британската полиција, бидејќи нема сериозни перспективи за нова жалба, истакна 44-годишниот Асанж во објава на налогот на Викиликс на Твитер.

– Но, доколку победам и стане јасно дека државите вклучени во случајот дејствувале незаконски, очекувам итно да ми биде вратен пасошот и да бидат прекинати сите обиди да бидам уапсен, додаде тој.

Аснаж поднесе тужба пред ОН против Шведска и Велика Британија поради одлуката на британскиот Суд од септември 2014 година за негов арбитражен пртивор до завршување на постапката за екстрадиција на шведските власти.

Тој стравува дека по евентуалната есктрадиција во Шведска, шведските власти ќе го предадат на САД каде му се заканува судење поради објавувањето на тајни воени и дипломатски долументи на Викиликс.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски