Генерален штрајк во Грција

Од:

Грција денеска е парализиран поради генерaлниот штрајк што го свикаа двата најголеми синдикати на вработените во државниот и јавниот сектор против плановите на Владата за реформи во пензиското и социјалното осигурување.

Во Грција не работи градскиот и железничкиот транспорт, морнарите ќе штрајкуваат денеска и утре, домашните авиокомпании одложија десетици летови, а во меѓународниот авиосообраќај ќе има повеќе доцнења.

Во штрајкот учествуваат адвокатите, нотарите, фармацевтите, а болниците работат само со неопходен персонал. Затворени се бензинските пумпи, а штрајкуваат и таксистите.

Грчките новинари исто така се приклучија кон генералниот штрајк, но со цел настанот медиумски да биде покриен, новинарите својот протест го изразија вчера.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Грција

Од:

Грција уште еднаш ќе биде во потполност парализирана. Денеска ќе се одржи генерален штрајк во знак на протест против мерките за штедење, кој го закажаа двата најголеми синдикати. Во Атина се стравува од нереди.

Планиран е марш во центарот на Атина, но се подготвуваат и протести ширум земјата.

Меѓу останатите, штрајк за денеска најавија јавните службеници, адвокатите, судиите, нотарите, лекарите во болниците, стоматолозите, просветните работници, таксистите, возачите на траект.

Вработените во Грчката железница (ОСЕ) исто така учествуваат во утрешниот штрајк што значи дека со метро нема да може да се оди до атинскиот меѓународен аеродром. ОСЕ оперира со метро линијата од станицата Дукисис Плакентиас до аеродромот.

Возачите на тролејбусите исто така штрајкуваат, а возачите на автобусите нема да возат пред девет часот и после 21. Таксистите во четврток нема да работат од осум до 17 часот.

Со денешниот штрајк ќе биде погоден и воздушниот сообраќај затоа што контролорите на летање нема да работат од 10 до 13 часот.

Патничките фериботи денеска исто така нема да пловат, затоа што нивниот синдикат ПНО бара фериботските компании да потпишат нов колективен договор со вработените. Она што е необично за денешниот штрајк е тоа што кон него ќе се приклучат и сопствениците на трафики што досега не било пракса.

Ова е втор генерален штрајк овој месец.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски