Победа на Ѓорческа во двојки и пораз на Стоилковска во поединечна конкуренција

Од:

Македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилоковска со победа и пораз ги завршија денешните мечеви на фјучрс турнирите во Анталија односно Хамамет.

Ѓорческа во конкуренција на двојки во 1.коло на фјучрсот во Анталија со Турчинката Јасмин Гулман ги победија Карина Калкенова (Казахстан) и Екатерина Овчаренко (Русија). Во првиот сет беше 6:4 во гемови за Ѓорческа и Гулман, а во следниот сет беше 6:4 за ривалките. Во решавачкиот сет беше 10:7 на поени. Во следното коло Ѓорческа-Гулман ќе играат против третите носителки Агнеш Букта (Унгарија) и Јулија Грабер (Австрија).

Магдалена Стоилковска на фјучрсот во Хамамет, Тунис загуби во 1.коло во сингл откако поуспешна од неа беше третата носителка Кристина Ене (Романија) со 6:3 и 6:3 во сетови.
Стоилковска го продолжува настапот на турнирот бидејќи во четвртфиналето во двојки со Федерика Прати ќе играат против вторите носителки Александра Перпер и Анастасија Вдовенко од Молдавија.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ