Стотици жители на Дијарбекир, воглавно Курди, бегаат од регионот по укинувањето на полицискиот час во некои области на градот, јави БТА.
Локалните власти во општина Сур во Дијарбекир објавија денеска дека во западните делови Сур е укинат полицискиот час, кој беше воведен пред неколку недели.
Во источните делови на општината, сепак 24-часовниот полициски час останува во сила.
Стотици жители на Сур денеска одлучија да ги напуштат своите домови, со цел да се заштит во случај на нови судири меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници.
Еден од жителите објаснил дека го напуштаат Сур „со куфери, телевизори и килими на товарени во патнички возила“.
– Секогаш обичните луѓе страдаат. Живеам во Сур многу години и досега не сум видел слика како оваа, изјави локалниот жител Мехмет Џеиљан.
Стотици курдски борци и припадници на силите за безбедност беа убиени од јули, кога беше ставено крај на примирјето меѓу Анкара и Курдската работничка партија (ПКК).
Анкара објави дека воведувањето на полициски час во неколку населени места во југоисточна Турција е потребно за да може полицијата да ги отстрани барикадите, експлозивните уреди и да ги закопа дупките во кои се кријат бунтовниците на ПКК.
Извор од турските сили за безбедност денеска соопшти дека тројца војници биле повредени во судирите во Сур ноќеска, а подоцна еден од нив починал во болница.