Сите заблуди на младите родители

Од:

Во пресрет на доаѓањето на дете на свет голем број идни родители имаат голем број заблуди, поради што блогерката Сара Котрел состави листа од најчести заблуди, за да им помогне на младите парови полесно да се снајдат.

Мислите дека знаете се, бидејќи читате книги за родителство

Бев ексерт за нега на папокот, грчеви, поставување седиште во автомобилот…Пред да се породам знаев апсолутно се. Всушност праксата покажа дека ништо не знам.

Сите ќе „трчаат“ за да ви помогнат

Вистината ќе излезе на виделина кога ќе добиете бебе. Кога го родив првото дете, почувствував неверојатен недостиг на внимание, интересирање и помош. Морав сама да се снаоѓам.

Мајчинството е лесно

Книгите ме уверија дека ќе биде едноставно, дека можам во едната рака да носам бебе и да го мешам ручекот, да читам…Погодете што? Тоа се лаги. Се се промени, обврските се натрупуваа, а времето течеше.

Килограмите ќе исчезнат после породувањето

Сигурна сум дека кај некои жени постпородилниот вишок исчезнува благодарение на доењето, но јас не сум една од нив. Всушност се здебелив десет килограми. Цело време бев гладна.

Социјалниот живот останува ист

Искрено не знам од каде ми е идејата дека бебето нема да влијае врз социјалниот живот. Во првата година од родителството, наместо да го напуштам кафулето во доцни часови, го средував станот и му пеев приспивни песни на моето нервозно бебе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска