Федерер ги пропушта турнирите во Ротердам и Дубаи

Од:

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер, во вторникот го оперираше коленото за да ја санира повредата на менискусот добиена по полуфиналниот меч со Новак Ѓоковиќ на Австралијан Опен.

– Сакам да ве известам дека вчера бев опериран. Го повредив коленото ден по полуфиналето на Австралија Опен. Кога се вратив дома направив некои тестови и установив дека менискусот е скинат, напиша Федерер на својот профил на социјалната мрежа Facebook.

Поради процесот на рехабилитација тој ќе ги пропушти АТП турнирите во Ротердам и Дубаи каде лани ја освои титулата.

– Им се извинувам на пријателите во Ротердам и Дубаи, бидејќи многу се радував што ќе настапам на тие турнири. Иако ова е несреќен чекор наназад, охрабрен сум од тоа дека операцијата мина успешно. Веднаш започнувам со процесот на рехабилитација и напорно ќе работам што побргу да се вратам на терените, соопшти Федерер.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ