Почина сликарот и зограф Рафаил Коловски

Од:

Почина Рафаил Коловски, академски сликар од втората генерација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Петар Мазев.

Коловски, роден во Скопје во 1961 година, работел како моден креатор во фабриката „Црвена ѕвезда“, графички дизајнер во „Коро компани“ и самостојно како сликар во сопствено ателје. Најмногу сликаше актови, портрети и пејзажи, а во последните години и апстрактни дела. Беше љубител на аналогната фотографија и поседуваше лабораторија за развивање фотографии од негатив.

Рафаил Коловски е внук на лазорскиот зограф Крсте Коловски, кој ги изработи фреските во скопската црква Св. Димитрија. Како член на зографската тајфа на Крсте Коловски, работел и учел од своите татко и дедо, Петре Коловски и Крсте Коловски. Со нив работел на ѕидната иконографија и на иконите на иконостатите на црквата Св. Архангел Михаил во тетовско Јегуновце, на црквата Св. Петар и Павле во скопската населба Ѓорче Петров и на црквата Св. Георги во владичката резиденција во Криви Дол во Скопје.

Неговите живот и дело се дел од страниците на монографијата „Лазороските зографи“ на Петре Коловски.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска