ВИДЕО: Бегалци нападнале Германци кои заштитиле девојка од сексуално насилство

Од:

Двајца постари германски граѓани биле нападнати од група бегалци со арапско потекло, откако се спротивставиле на нивниот сексуален напад врз една помлада патничка во воз што сообраќал од местото Сендингер Тор до Минхен.

Како што јави дописникот на МИА, инцидентот го снимил патник во возот, кој потоа видеото го објавил на социјалната мрежа Фејсбук, што дополнително ги вжешти тензиите во Германија по новогодишните напади врз жени од страна на баратели на азил.

На видеото се гледа дел од инцидентот во кој еден мигрант од групата удира еден од патниците.

Предходно, еден од мигрантите сексуално нападнал млада патничка, а откако таа ги одбила неговите напади тој удрил со рака по прозорецот на возот и нападнал еден од патниците кој го предупредил да се смири.

По пристигнувањето на возот во Минхен била повикана полиција, но полицајците рекле дека не можат да сторат ништо во врска со инцидентот.

Инцидентот е само еден од серијата настани кои го зголемија незадоволството на Германците од приемот на над еден милион бегалци во Германија во 2015 година.

Во текот на новогодишната ноќ во десетина германски градови мигранти нападнати околу 1.200 жени, од кои половината беа мета на сексуални напади.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ