Општина Центар: По 56 години, наместо дотраената – нова, енергетски ефикасна фасада на зградата кај Сава-Крањ

Од:

„Зградата на улицата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, кај „Сава Крањ“, изградена далечната 1960-та година,  доби нов лик.

Фасадата  го задржа автентичниот изглед, но сега е со печат на новото време. Самите станари избраа светла подлога, со акценти во сина и жолта боја.

'Сава Крањ' - пред реконструкција

Зафатот, кој го направи општина Центар, е на 4800 м2. Граѓаните, освен нова модерна фасада,  добиваат и за 1/3 пониски сметки за греење.

На барање на станарите,  бојадисани се  и надворешните врати,  офарбените се и оградите од терасиите и лоѓиите,  поставени се  дополнителни и поголеми олуци.

'Сава Крањ' - потоа (1)

Проектот за реконструкција на детско игралиште, кое се наоѓа позади зградата, е во подготовка, а општина Центар  ќе  го  обнови и зеленилото околу објектот. Игралиштето ќе биде по европски стандарди,  со современи реквизити и гумен под поради безбедноста на децата.

Зградата кај „Сава Крањ“ има посебно значење. При оформување на Градскиот зид, водено е сметка да стане дел од комплекст со поместување на соседните кули.

'Сава Крањ' - потоа (2)

Таа е дел од историјата на модерно Скопје, и токму затоа беше важна рекострукцијата и сочувувањето.

Ова е дел од проектот за изработка на термички фасади со енергетска ефикасност на станбените објекти на територија на општина Центар.

'Сава Крањ' - потоа (3)

Оваа осма енерегетски-ефикасна фасада која што ја направи општина Центар.На ред е фасадирањето на зградите на улицата Владимир Полежаноски бр. 19 (поранешна “Иван Милутиновиќ“) и на булеварот “Илинден“ бр. 83“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски