Пронајдени петмината Чеси кои исчезнаа во Либан

Од:

Петмината Чеси кои во јули, минатата година исчезнаа во либанската долина Бека, по 199 дена беа пронајдени во понеделникот вечерта, соопшти чешкото Министерство за надворешни работи.

– Министерството ја поздравува веста дека нашите граѓани се живи и според информациите во добра здравствена состојба, и сега се во рацете на либанските безбедносни служби, се вели во соопштението. Според најновите информации, шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек преземал чекори со помош на претставништвото во Бејрут за што побрзо враќање на Чесите во земјата.

Петмината исчезнати биле оставени на осамено место во планина, од каде со помош на мобилен телефон на случаен минувач, возач на камион стапиле во контакт со своите роднини.

Медиумите за исчезнувањето на Чесите шпекулираа дека би можело да биде поврзано со Либанецит Али Фајад, кој е во притвор во Чешка и се соочува со обвинение за соработка со терористи.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел истрела ракети кон центарот на Бејрут, четворица загинати и 18 ранети

А1он