Во среда битолчани на протест ќе бараат Домот на АРМ да се реконструира со буџетски пари

Од:

Денеска СДСМ поднесе барање за вонредна седница на Советот на Општина Битола на којашто се бара одлука за враќање во трајна сопственост на Домот на АРМ на општина Битола, со забрана за оттуѓување на истиот. СДСМ бара да се издвојат и пари од буџетот на РМ за целосна реконструкција на Домот. За ова в среда во 18 часот ќе се одржи протест во градот.

– Покажавме дека заедно можеме да ја натераме власта во заминување да го повлече огласот за продажба на Офицерскиот дом во Битола. Заеднички го спречивме обидот на ВМРО-ДПМНЕ да го раскрчмува симболот на Битола. Но, не е доволно само повлекување на огласот за продажба на Офицерскиот дом. Битола и битолчани заслужуваат тој да им биде вратен во трајна сопстеност и да биде комплетно реконстуиран – изјави денеска Зоран Стојчевски, советник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани