Еј-Би-Си: Истрага за местење на над 40 тениски мечеви

Од:

До тениските власти се поднесени пријави против најмалку 20 тенисери, кои се осомничени дека наместиле над 40 мечеви во тенис во периодот од септември до ноември 2015 година, објави австралиската телевизија Еј-Би-Си.   

Сомнителните мечеви, во просек по три неделно, биле одиграни на тениски турнири во Колумбија, Мароко, Русија и Германија.

Според телевизијата, за некој од осомничените постојат индиции дека местеле тениски мечеви уште од 2008 година.  

Осомничените се товарат дека соработувале со луѓе од подземјето, кои го контролираат обложувањето во Азија, наведува Еј-Би-Си.

Меѓу осомничените се и неколкумина кои се наоѓаат на т.н. „црна листа“ на тенисери за кои постојат сомнежи дека не играат секогаш за да победат.

На оваа „црна листа“ се наоѓаат над 350 тенисери, од кои најмалку 10 учествувале и на овогодижниот тениски турнир Австралија Опен, што заврши вчера во Мелбурн. Меѓу нив се двајца послабо рангирани Австралијци, додека останатите се тенисери од Јужна Америка, Азија и Источна Европа.

Ваквите тврдења на Еј-Би-Си се надоврзуваат на обвинувањата за местење и корпција во тенисот, како и на реакциите поради мултимилионскиот спонзорски договор меѓу организаторите на Австралија Опен и британската обложувалница „Вилијам Хил“.

Меѓунардоната тениска организација наредила отпочување опсежна истрага за корупција уште на стартот на Австралија Опен, по сличните обвинувања за месетење мечеви изнесени од „БазФид“ и Би-Би-Си. Овие два медиуми трвдеа дека зачеститиле случаите во кои 16 тенисери ги губеле мечевите тогаш кога имало зголемена уплата на нив.  
Италијанскиот весник „Тутопсорт’ пред неколку месеци обвини дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ намерно го загубил мечот од Фабрис Санторо на Мастерсот во Париз, но за ваквите обвинувања не беа најдени докази и тие беа прогласени за неосновани.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ