Да можам би гласал само за себе – е изјавата на еден од најдобрите фудбалери на светот и напаѓачот на шпанскиот Реал Мадрид, Кристијано Роналдо кој е меѓу 22-мината кандидати номинирани за добивање на „Златната топка“.
Португалецот во повеќето изјави рече дека не е среќен во Реал Мадрид, но ги отфрли шпекулациите дека во прашање се финансиските причини.
– Играм од страст кон фудбалот и од љубов кон тимот кој го претставувам. Да играм за пари одамна би бил во друг клуб. Сите играчи сакаат кога ги сонуваат тимови како ПСЖ, Манчестер јунајтед или Челси, но тоа не е во моите мисли, изјави Роналдо.