СДСМ: Груевски и соработниците ќе ги вратат украдените пари и ќе одговараат

Од:

„Јавниот долг изнесува 4 милијарди и 224 милиони евра, односно 47% од БДП! Тоа е историски највисок износ на јавниот долг од осамостојувањето на Р.Македонија. Во 2006 година вкупниот јавен долг државата можеше да го врати со 6 месечни буџетски приходи. Денес долгот тежи дури 22 месечни прихода!

Просечната стапка на раст на БДП во изминатите 10 години изнесува едвај 2.5% годишно. Странските инвестиции изнесуваат 3% од БДП, најнизок износ во регионот. Тоа е вистината за економските политики на Никола Груевски и неговата власт.

Очигледен е очајот во редовите на ВМРО ДПМНЕ. Не можат да се помират со фактот дека граѓаните се погласно зборуваат за задолжувањата што ги прави оваа власт. Доколку ВМРО ДПМНЕ исплаќа кредити како што вели, тогаш јавниот долг треба да се намалува, а не да достигне рекордни над 4 милијарди евра.

ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто ја направија Македонија високо задолжена земја со историски највисок долг!

Ставрески треба да објасни како тоа немаме за леб, а купуваме чоколада? Груевски треба да објасни каде завршуваат парите на граѓаните, дали во неговите рајски бизниси, за милионски парцели на Водно или во мерцедесите од 600.000 евра?

Годишно по 400 милиони евра Груевски и фамилијата испумпувале за коруптивни зделки. Груевски и соработниците ќе одговараат за парите што ги украдоа и ќе им ги вратат на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра